-1.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Каков воздух дишат прилепчани ?! Прилеп денеска со најмногу PM10 честички на mg/m3

Прилеп денеска се најде меѓу десетте најзагадени градови во Македонија, со индекс на загадување од 178,61 мг/метар кубен ,  (микрограми на кубен метар,) според последните податоци на платформат за Квалитетот на воздухот во Македонија од Министерството за животна средина.

 

Во моментов, според платформата, Прилеп  го држи првот место, по Берово , Велес, Струмица и Битола2 . Воздухот во Прилеп е означен во категоријата „нездрав“.

Синоќа пак, во 23 частот,  концентрацијата на ПМ честичките во Прилеп изнесувала високи 219,22 мг/метар кубен.

 

Параметрите покажуваат дека загадувањето на  воздухот во Прилеп не е за занемарување и дека состојбата е лоша. А, лицата од чувствителните групи може веднаш да ги осетат ефектите врз здравјето. Здравите лица може да имаат тешкотии при дишењето и иритација на грлото со продолженото изложување. „Ограничете ги активностите „ предупредуваат здравствените работници , во ваквите случаеви.

Инаку, мерната станица за мерење на квалитетот на воздухот во Прилеп  е поставена во центарот на градот, на зградата на Општина Прилеп,  кон крајот на 2018 година , но не добивме информирации дали е сеуште  функционална и дали се одржува нејзиното работење. Таа требаше да го моери квалитетот на амбиенталниот воздухот во центарот на градот.

Прилеп 2019 набави и 6 нови мерни станици, кои како пилот станци , 6 месеци  требаше да ја мерат загаденоста на амбиенталниот воздух, во насока на подобрување на животната средиина . Нивната набавка тербаше да се изврши по пилот мерењата од 6 месеци.

Би можело да ве интересира

Д-р Јаков: Никој не е подобар од нас, немајте дилема, само треба подобра организација!(ВИДЕО)

Пела Редакција

❤️Маратонска трка во спомен на Мајката ❤️

Пела Редакција

Анализа: Младите би се вратиле доколку имаат подобри услови за живот, а не е клучна висината на платите

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе