16.3 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Денеска повторно Битола и Прилеп најстудени градови во Македонија

Утрово,во 7,30 мин,  во Прилеп беше измерено -13 степени, а најниска температура од -16 степени е измерена во Битола и Берово.

Следат -12 во Демир Капија, -11 Скопје-Петровец и Дебар, -10 Кавадарци, -9 Штип, Струмица и Велес, -7 Охрид, -6 Виница, Крушево, Маврови Анови, -4 Дојран и 0 степени на Попова Шапка.

Највисока снежна покривка има во Маврови Анови – 17 сантиметри, 15 во Битола, Дебар, Попова Шапка, 12 Берово, Ѓуриште, 11 Крушево, 7 Тетово, Охрид, 2 во  Претор, Прилеп, Струмица и 1 сантиметар во Штип.

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе дува слаб до умерен северен ветер. За утре синоптичарите најавуваат дека времето ќе биде наутро студено, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер.Температурата утре ќе биде од минус 12 до минус 2 степени наутро, и од 2 до 10 Целзиусови степени во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Прилепската болница се поднови со современ апарат за стерилизирање на опрема

Пела Редакција

Министерот очекува 400, тутунарите бараат 600, по кои цени и дали ќе започне откупот?

Какви мерки спроведува Прилеп за здрава животната средина?!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе