7.3 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Производите на Витаминка пред светската јавност на саемот ISM во Келн

Производите на Витаминка се претставени пред светската и стручна јавност на саемот ISM во Келн, Германија. Компанијата традиционално зема активно учество на овој престижен саем веќе дванаесет години по ред и се претставува со целиот свој асортиман, што предизвикува особен интерес од страна на посетителите.

Саемот претставува одлична можност за Витаминка, да ги продлабочи односите и соработките, како и да се остварат нови контакти со потенцијални дистрибутери ширум светот.

„Настапот на саемот ISM е од големо значење за изложувачите, затоа што ова е најголем светски саем специјализиран за кондиторија. Тука изложуваат најзначајните фирми од оваа индустрија и доаѓаат посетители од целиот свет што прави ИСМ да ужива репутација на најзначајно место за промовирање на еден производител. Витаминка е редовен изложувач тука и во досегашното искуство сме се увериле во придобивките и реалните резултати. Истовремено, со нашата разновидна, богата и квалитетна понуда високо се позиционираме во нивото на производители и изложувачи присутни тука и на тој начин обезбедуваме успешно пробивање и до останатите светски пазари“, вели Љупчо Велески, директор на извоз во Витаминка.

И оваа година на ISM се претставени и најголемите технолошки иновации и трендови во кондиторската индустрија, со главен фокус врз потребите на потрошувачите и стимулирање на компаниите за проширување на својот спектар со нови и иновативни производи што ќе одговорат на барањата на консументите. Со над 1 400 изложувачи од 74 земји, саемот нуди опширен преглед на тековните случувања.

Би можело да ве интересира

Во ЈКП Комуналец Прилеп обвинувања за криминал на претходниот директор

Гордана Цветаноска

Зошто викендов треба да го посетите Прилеп?! Три спектакуларни настани: ракометен турнир, детски театарски фестивал, фото изложба …

Елизабета Филипоска

Битолска апелација ја отфрли жалбата на жителите од Оревоец за забрана за ископување камен

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе