11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

За претседателските избори кампањата ќе почне на 4 април, а за парламентарните на 18-ти

Изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април ќе почне на 4 април на полноќ и ќе трае до 22 април, соопшти Државната изборна комисија.

ДИК го усвои роковникот според кој што кампањата ќе почне 20 дена пред денот на изборите и не смее да трае 24 часа пред изборниот ден.

Учесниците, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна на 19 март. Собирањето потписи за претседателските избори почнува 23 февруари и трае до 8 март.

Листите со кандидати за пратеници треба да се достават до ДИК најдоцна на 2 април.

Резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес ќе можат да се објавуваат најдоцна на 2 мај до 24 часот.

Жрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и за пратеници ДИК ќе ја одржи најдоцна на 13 април.

Јавниот увид во Избирачкиот список започнува 28 февруари, а ќе трае до 18 март во 24 часот, до кога ќе можат да се поднесуваат и барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список.

Медиумите и електронските медиуми (интернет порталите), доколку обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања, се должни во рок од три дена од денот на распишување на изборите, да се регистрираат во ДИК. Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) што нема да се регистрираат во ДИК, нема да имаат право да користат финансиски средства за платено политичко рекламирање, обезбедени од Буџетот.

Би можело да ве интересира

„Маркови Кули Трејд„ крадел вода – ЈКП „В и К„ оштетено за 44.200 евра

Елизабета Филипоска

VISA и MasterCard се недостапни на банкомат или во трговија, вон функција картичките од сите македонски банки

Пела Редакција

Учење вештини преку игра и натпревар – и врзувањето врвки на патики се совладува лесно!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе