14.4 C
Прилеп
понеделник, 16 септември, 2024
Пела Радио

Согласно Законот за празници покрај редовните 21, уште два дополнителни неработни дена поради изборите

И двата неработни дена ќе бидат во среда, поради оддржувањето на двата изборни процеси-  за оддржувањето на првиот круг Претседателски избори, неработен ден ќе биде 24 април 2024 кој паѓа во среда ,а потоа за оддржувањето на евентуалниот круг од Претседателски избори и редовните Парламентарни, неработен ден ќе биде 8 мај, кој исто така се паѓа во среда.
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови за СИТЕ се:
24 април – избори, 8-ми мај избори. 06 мај (понеделник); Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, 10 април (среда); Рамазан Бајрам; првиот ден на Рамазан Бајрам, 01 мај (среда); Ден на трудот 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители , 02 август (петок), Ден на Републиката, 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден, 11 октомври (петок), Ден на народното востание, 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба; 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

 

За граѓаните од православна вероисповед: 03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден; 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден; 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед ; 1 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден; 1 ноември (петок), Празникот на сите светци; 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед: 16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ: 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ: 8 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ: • 23 мај (четврток), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ: 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ: 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ:21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Севкупно во Македонија, оваа година, има 23 неработни денови по разни основи.

Би можело да ве интересира

Велигденска честитка упати градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО)Здружението „Филип Лукароски“ промовираше прирачник за машко здравје „Фокусирaj се на себе, за себе”

Пела Редакција

Г.Петар чиноначалствуваше со литургијата, а голем број верници го посетија храмот „Вознесение Христово“ во с.Тополчани по повод св. Марија Египетска

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе