13.6 C
Прилеп
сабота, 10 мај, 2025
Пела Радио

Полициската контрола во два различни случаи резултирала со одземање на оружје и дрва

На 14.03.2024, полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле Ч.С.(21) од с. Големо Коњари, прилепско. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на  Основен суд Прилеп, биле пронајдени и одземени воздушна пушка, повеќе куршуми и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

Полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода В.С.(36) од Прилеп, вчера  ( 14.03.2024) во 20.00 часот на пат за с.Беловодица – с.Царевиќ. При контрола на патничко возило „даеву” со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал тој, биле пронајдени огревни дрва без документација. Дрвата биле предадени на Шумска полиција, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Сообраќајна несреќа кај с.Мажучиште на патот Прилеп-Македонски Брод

Елизабета Филипоска

Малолетници предизвикале сообраќајна незгода, пријавени неколку физички напади и едно исчезнато лице

Гордана Цветаноска

Во пожар во куќа две деца се здобиле со изгореници

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе