2.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Сурат за Гран При „Прилепски тутунар„ од Матеј Тодоров – Со изложба на маски започна „Прочка 2024„

Со отворањето на изложбата на маски изработени од учениците од прилепските училишта, во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, денеска започнаа активностите за годинашниот карневал „Прочка 2024“.
Околу 400 маски изработени  од ученици и наставници -ментори , беа дел од традиционачната изложбата кој се одржува по повод карневалот „Прочка“, а на која својата креативност, умешност и идејност ја изразуваат децата.

Изложбата има и натпреварувачки карактер , а комисијата отцени дека суратот  „Прилепски тутунар “ е најдобрата маска која ја изработи  осмооделенецо,т  Матеј Тодоров од ООУ „Блаже Конески” . Наградат    „Гран при„ за најмаска на изложбата, беше токму неговата, автентична, традиционална и посебано израбптена од рециклирани природни матерјални ,озаначувајќи ја со неа  прилепската тутунска мака „Маската ја изработував 7-8 дена со мала помош од комшиите„- рече низ насмевка осмооделенецот, Матеј среќен што неговата маска е првонаградена на оваа изложба.

Беа доделени и други награди, како и специјалната за детските градинки „Наша иднина“.

 

Вака,започнаа сктивностите за меѓународниот карневалот Прочка 2024 .Настаните продолжуваат утре   со манифрстацијата „јамкање“ околу Градскиот саат во изведба на жените од женското здружение „Преродба„ кои ја негуваат  традицијата и обичаите.

В недела е главниот настан на „Прочка 2024“– дефилето на маски каде ќе бидат презентирани над 500 маски,  групни и поединeчни маски, традиционални и современи  на плоштадот „Методија Андонов Ченто”.

Би можело да ве интересира

Прилеп домаќин на Светско јуниорско првенство во воздухопловно моделарство

Пела Редакција

Анализа: Младите би се вратиле доколку имаат подобри услови за живот, а не е клучна висината на платите

Пела Редакција

Водата од неколку локални чешми е неисправна за пиење

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе