8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Во директен судир загина 29 годишник на Плетвар-сообраќајот се одвива по една лента

Во сообраќајката вечерва на патот Градско – Прилеп , меѓу крстосницата за село Ореовец и село Плетвар, на превојот Плетвар, животот го загуби 29-годишник од Прилеп. Во несреќата учествувале возило со прилепски регистарски таблички и цистерна, при што дошло до директен судир.

Сообраќајот на делницата е во прекин од 18 часот и формирана е огромна колона на возила.

„Од 21.00 ч. соообраќајот Прилеп-Градско се одвива наизменично по една коловозна лента“, информираат од АМСМ.

Ова е втора тешка сообраќајка за три дена. Претходно се случи сообраќајка на истата делница, по која 20-годишно момче се бори за живот на скопските клиники.

Би можело да ве интересира

Уапсен Албанец кој предизвикувал пожар на Плетвар

Гордана Цветаноска

Автомобил удрил во мопед-прилепчанка тешко повредена

Пела Редакција

Приведен дилер на дрога

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе