На 31.03.2024 околу 12.45 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.Р.(35) од Прилеп затоа што се обидел со тврд предмет да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Од него било одземено запрежно возило натоварено со огревно дрво без документација и било предадено на шумска полиција. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.03.2024 околу 17.50 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода А.А.(51) од Крушево затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија и претходно со остар предмет им се заканил на М.С., Е.С. и Р. Р., тројцата од Прилеп и на С.Г. од Крушево. Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
А, рано утворво, (01.04.2024) во 01.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 00.05 часот, Д.В.(32) од Прилеп агресивно се однесувал и упатувал закани кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Според пријавеното, околу 00.50 часот тој телефонски се јавил на полицискиот службеник и повторно му упатил закани.
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, инфомираат од СВР Битола