7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

На Светски ден за подигнување на свесноста за аутизмот 2ри Април, техничкиот министер во посета на “Ѕуница„ -Прилеп

По повод 2 април-Меѓународниот ден на аутизмот, посветен на информирање и активизам, за поддршка на лицата со аутизам, техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски ги посети децата во Дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“  – Прилеп , остварувајќи и средба со семејствата чии деца се болни од аутизам .
„Се запознав со семејство кое има три близнаци со аутизам. Децата доцнат со една училишна година. Не смееме да дозволиме нивно социјално исклучување во системот, туку нивно целосно прифаќање. Мора да покажеме дека и овие деца имаат свои права и можности“  рече тој, при официјална посета на Прилеп .
Во Македонија не постои регистар на лица со аутизам и нема точна статистика колку лица се со оваа состојба. Официјално регистрирани се нешто повеќе од 150, но се претпоставката  дека нивниот број е многу поголем. Проценките одат до таму да изнесува дека од оваа болест страдаат неколку илјади. Проблемот со аутизмот е многу повеќе од здравствен, за што често може да се слушне и во јавноста. Родителите на децата заболени со аутизам, како и социјалните работници велат дека се соочуваат со проблемот да им помогнаат на децата кои боледуваат од болеста да добијат рамноправен третман во општеството.

 

Постеувајќи го Прилеп, техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски оствари срередба  и со пензионерите од Прилеп, со кои дискутираше  за нивните очекувања и проблеми поврзани  потребата за  поквалитетен живот и подобрување на животниот стандард.

 

 

Би можело да ве интересира

Претставата „Аудиција“ на репертоар на театарот „Војдан Чернодрински“

Светскиот ден на предвремено родени деца во Прилеп одбележан со хуманитарна акција

Новогодишен концерт на учениците од Музичкото училиште Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе