18.3 C
Прилеп
вторник, 13 мај, 2025
Пела Радио

Прилеп го одбележа меѓународниот ден на Ромите 8-ми Април (ВИДЕО + ФОТО)

Со неколку активности Прилеп го одбележа меѓународниот ден на Ромите , 8-ми Април.Традиционално пред општин Прилеп , на јарболот  беше подгинато знамето на Ромите во присуство на претставници од локалната самоуправа и ромската заедница а во рамките од денешното одбележување се реализираше и ликовна изложба подготвена од учениците од ООУ Добре Јованоски и наставничката Маја Најдоска која има хуманитарен карактер.Се организираше и турнир во футсал на игралиштето во кругот на училиштето

Ромската заедница претставува не раскинлив дел од нашата заедница која се темели на почитување на различностите.Како општина , градиме општествена одговорност и рамноправни односи меѓу граѓаните , на взаемно почитување , разбирање и и еднаквост , истакна првиот човек на градот Јовчески , во обраќањето и честитката по повод меѓународниот ден на Ромите.

Осми април во светот се одбележува во чест на првиот Светски конгрес на Ромите одржан од 7 до 12 Април 1971 година во Лондон , каде се сретнаа претставници на Ромите од 14 земји од светот.На конгресот биле усвоени најважните одлуки , како што се ромското знаме и официјалната химна.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дополнителни средства за општините од државниот Буџет ќе обезбеди идната Влада на ВМРО ДПМНЕ (АУДИО)

Прилепската чаршија ве кани на „Prilep OUTLET Weekend“ на 17ти и 18ти февруари!

Гордана Цветаноска

В недела завршен настан на „Денови на Св. Климент Охридски“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе