Топлотниот бран кој што ја зафати Македонија и најавите на синоптичарите дека не’ очекуваат невообичаено високи температури наредниве месеци го вклучи алармот кај земјоделците за тоа како да ги заштитат насадите кои се во полн ек од развојот.
Постојат ли препарати кои ќе овозможат добар развој на кореновиот систем кај тутунот и градинарските култури, за зајакнување на нивниот имунитет, за спречување на деформитети кај растенијата кои се појавуваат од високите УВ вредности, недостиг од вода, осиромашена и деградирана почва? Како да се обезбеди посакуваниот род на нивите, а при тоа да се делува економично, со примена на програма преку дозирано нанесување на елементи содржани во најновите препарати за актуелните временски прилики?
Одговорите на овие прашања ги побаравме кај агрономот од доверба Ели Ристеска, од Земјоделска аптека Фиталија Прилеп во програмата „Радио што се гледа“. Советите на Ристеска како и секогаш се да се почитува препораката за користење на испитани и проверени препарати.
„Не’ очекуваат рекордно високи температури летово. Паралелно земјоделците треба да се борат со епидемија на штетници: лисни вошки и болви кои се појавија веднаш по завршување на дождливото и влажно време. Овие штетници дополнително се преносители и на инфекции, така што и претходно апелирав дека треба да се делува превентивно, а во овој период интензивно за нивно сузбивање. Има лек за топлотниот бран, сушата која што не’ очекува и најавените температурни осцилации. Ги препорачувам Зеолит (98 %) кој што на единствен начин ги ослободува капиларите во почвата, овозможува детокс, ги ослободува микроорганизмите за да создадат хумусен слој. Создаден е од вулкански остатоци, високо биолошки активна супстанца, природен минерал во прав кој што се раствора во вода и така се нанесува на почвата или на растенијата. Амалгеролот е австриски препарат емулзија на растителна база кој што го заштитува растението и на изложеност над 50 степени целзиусови, од мразеви и од кисели дождови. Овој препарат не дозволува растението да подлегне на стресови предизвикани од временските услови,“ посочува за дел од препаратите агроном Ели Ристеска.
Во Земјоделската аптека Фиталија земјоделците ќе добијат стручен совет и програма за заштита, прихрана и превентивни третмани на растенијата. Фиталија се наоѓа во непосредна близина на катната гаража кај старата автобуска станица Прилеп, препознатлива е по широката палета производи за потребите на сите агро сектори – партнер од доверба за земјоделците.
https://youtu.be/eCsKIcuC4iM