11.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Полицијата денеска уапси две лица кои се заканувале со пиштол

МВР информира дека денеска на ул.„Борка Талески” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода С.Р.(27) и Д.Д.(33), двајцата од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава дека во текот на денот со пиштол се заканувале на 35–годишна прилепчанка пред продажниот објект каде што била вработена. Кај нив биле пронајдени и одземени два пиштоли.

Инаку, С.Р. бил баран и по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп и напад со остар предмет на чувар во затворот во април оваа година.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава,информираат од МВР

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се степале во продавница, во Крушево две жени тврделе дека соседот ги нападнал нивните деца

Елизабета Филипоска

Фатен крадец, пленот вратен кај сопствениците

Црна хроника: Уценувана малолетничка – ограбена жена кај железничката во Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе