16.1 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Slow food пазарче в сабота во Прилеп

Локалните производители ќе се презентираат со првите продукти од сезоната на малото „Slow food пазарче“ во организација на Slow food Прилеп, кое ќе се одржи во Прилеп в сабота на 22 ри јуни на платото кај Градскиот саат во Прилеп. Преработувачи на млеко, на пчелни производи, рачни изработки, винарии, домашно произведени сокови, ликери…мармалади, намази од овошје и зеленчук…зачини…

Над 20 локални производители од Прилеп и од цела Македонија ќе се претстават на малото пазарче да потсетат дека квалитетот се создава со љубов и грижа за здравјето.

Пазарчето ќе биде отворено од 10 часот до 15 часот. Убаво е да се посети и да се вкусат единствените производи автентични според поднебјето каде што виреат и се преработуваат, се разбира на традиционален начин.

Би можело да ве интересира

Минатата недела во Прилеп 7 починати и 267 нови случаеви заболени од Ковид-19

Елизабета Филипоска

Мирен протест за поттикнување на развојот на Мариово

ВНИМАТЕЛНО: Водата за пиење на неколку јавни чешми е неисправна за употреба

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе