15.3 C
Прилеп
недела, 20 април, 2025
Пела Радио

Време е за фудбал-Почнува светското фудбалско првенство

Од денеска па до 15 јули, светот ќе го врти фудбалот. Почнува Светското фудбалско првенство во Русија. Ова е 21-ви планетарен собир на најдобрите селекции . Тоа е најзначајниот трофеј во историјата на најважната споредна работа во светот.

Честа да го отворат Мундијалот ќе имаат домаќинот Русија во дуелот против Саудиска Арабија. Мечот ќе се игра попладнево од 17 часот на стадионот „Лужники“ во Москва. Пред почнување на дуелот, ќе има свечено отворање на СП. 

На турнирот ќе учествуваат 32-те најдобри репрезентации, а во следните 32 дена ќе се одиграат точно 64 натпревари. Мечевите ќе се играат на 12 стадиони во вкупно 11 различни градови во Русија, кои се распространети на 2000 километри.

Селекциите се поделени во осум групи со по четири репрезентации. По трите меча во групната фаза, само првопласираните две од секоја група ќе продолжат во нокаут фазата, односно во осминафиналната рунда. Од тој момент, па се до крај ќе се играат мечеви на елиминација.

Германија е актуелен светски владетел. Останува во следните месец дена да гледаме квалитетен фудбал, а на 15 јули да дознаеме кој ќе биде новиот светски првак кој ќе ја носи оваа титула во следните четири години.

Би можело да ве интересира

Проданоски: на денот на изборите бидете храбри и одлучни!

Пела Редакција

Партиската трибина на СДСМ повод за прес конференција на ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп

Пела Редакција

Домаќинското работење донесе заштеди за Општина Крушево

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе