23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

ОК ВМРО ДПМНЕ: Прилеп и прилепчани, отсекогаш знаеле да ја изберат вистинската страна!

Прес конференција денеска одржа Андријана Челебитова од ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп:

На сите нас ни е доста од хаос и безредие, од распродажба на Македонија од уништување на иднината на младите. На сите нас ни е доста од секојдневни скандали и афери, од масовен грабеж врз грбот на народот, од неспособна централна власт која не направи апсолутно ништо добро за граѓаните во Македонија. На сите нас ни е доста од владеењето на СДС и ДУИ!

Време е на чело на државата да застане личност, која со своето знаење, професионално искуство и својот кредибилитет, ќе покаже дека Република Македонија заслужува вистински претседател. Време е за промени, време е да ја направиме Македонија повторно горда!

Прилеп и прилепчани, отсекогаш знаеле да ја изберат вистинската страна секогаш кога било најпотребно. Така ќе биде и овој пат. Сите анкети и средбите со нашите сограѓани на терен го покажуваат тоа.

Затоа, ве повикувам на голем народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова, денес, со почеток во 20:30 часот, на ова место, на плоштадот „Методија Андонов Ченто“.

Да дојдеме во што поголем број и да испратиме јасна и гласна порака: Македонија ќе биде повторно наша! Македонија ќе биде повторно горда!

Би можело да ве интересира

ЈОУДГ „Наша иднина“ доби донација од 17 креветчиња

Јованоски: Молитвите за Велигденските празници испратете ги од дома

(ВИДЕО)Поплавени патишта и најава дека зимата се враќа

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе