1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО) Со експлоатацијата кај Оревоец во опасност е здравјето на прилепчани

Еко алармот за заштита на животната средина, на човекот, на водата, на воздухот, на живиот свет во околината на Прилеп, Оревоец, Плетвар, Присад –  свети ВО ЦРВЕНА БОЈА. Граѓанските мирни протести за Спас за Прилеп повеќе од 60 денови се активни кај базата на Бехтел и Енка  за ископ на градежен материјал за изградба на коридорите 8 и 10д. Граѓаните поставуваат барикади на локалниот пат кон Оревоец и не дозволуваат машините да работат.

Велат штетата е непоправлива врз здравјето на луѓето, се загадува околината, во опасност се изворите на питка вода, единствени во општина Прилеп, а се уништува и живиот свет. Паралелно, Иницијативниот одбор на протестите, трае и правната битка преку адвокатот Жарко Стеваноски.

 

Покренати се три правни иницијативи: за оценка на уставноста за експлоатација, се бара утврдување на состојбата на терен и оценка на влијанијата врз населението и животната средина, како и времен прекин на активностите. Рубин Рујаноски е еден од 20 тината жители кои секојдневно се соочуваат со загаденост на воздухот, на водата која што ја добиваат од природните извори:

-Многу организации и домашни и светски се заинтересираа со пеперутката Чинговска Окатка, но ниту една организација не го актуелизира проблемот за заштита на човековото здравје, околината, чистиот воздух и водата. Заболувањата од карцином, особено на белите дробови се зголемува во Прилеп. Заканата е сериозна, во опасност е доведено здравјето на луѓето, жители на Прилеп. Покрај тоа Бехтел и Енка ја уништија смреката, шумата од 3 до 7 хектари, а ни го попречија и правото на движење, го блокираа патот, го попречуваа движењето, минираа, со што ги уништија куќите, испукаа  ѕидовите и на црквата. Оревоец е натпештерско село. После 15 метри сондата му пропаѓа при бушење, вели Рујаноски, кој беше гостин во студиото заедно со  Ѓорѓи Ѓорѓиоски, активист и Жарко Стеваноски, адвокат, застапник на Иницијативниот одбор на протестите.

 

 

Би можело да ве интересира

Општина Прилеп ќе започне со присилна наплата за не платени обврски по основ на данок на имот и комунална такса

Пела Редакција

Градоначалникот Јовчески поканува на заедничко чествување: Прилеп е подготвен за патрон празникот Свети Никола

Гордана Цветаноска

Утре на плоштад прилепските пратеници во комуникација со граѓаните

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе