14.4 C
Прилеп
понеделник, 16 септември, 2024
Пела Радио

“Од векови за векови”- хуманитарен концерт на Драган и Ратко Даутоски и Андријана Јаневска во Прилеп

Драган и Ратко Даутовски и Андијана Јаневска ќе одржат хуманитарен концерт насловен “Од векови за векови” на 6 ти јули, в сабота на платото пред храмот „Света Петка“ во населбата Точила во Прилеп. Концертот има донаторска цел – доизбрадба на духовното светилиште „Света Петка“. ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН. 

ЖИРО СМЕТКА ЗА ДОНАЦИИ: Храм „Св. Петка“-Точила, Прилеп 500-000000887189

„Со звуци на надеж и хармонија имаме чест да ве поканиме на хуманитарниот концерт “Од векови за векови”, посветен на доизградбата на нашето духовно светилиште, архитектонскиот бисер, храмот Св. Петка во населбата Точила. Концертот ќе се одржи на платото пред храмот во очи големиот празник Иванден, на 6 јули (сабота) со почеток во 20:30ч., каде ќе настапат светски познатите, а наши македонски национални богатства, мултиинструменталистот проф. д-р Драган Даутовски, заедно со маестралниот перкусионист Ратко Даутоски и познатата вокална дива и македонски славеј, проф. д-р Андријана Јаневска.
Вашето присуство и поддршка се од неизмерно значење за успешно одржување на овој настан, за напредокот на нашата заедница и на оваа, за сите нас, значајна и благородна иницијатива, па затоа ве покануваме да ни се придружите заедно со вашите пријатели и семејства, та заедно да создадеме прекрасна вечер во име на заедничката цел за доизградба на нашиот храм,“ велат од Организациониот одбор при храмот протоереј Љупче Петрески и професор Мендо Ташкоски. 

Би можело да ве интересира

Сребро за Петар Мирчевски на Олимпијадата по хемија

Пела Редакција

Роденден кој долго ќе се памети–100 години Прилепска Пиварница!!!

Пела Редакција

Заев и Пендаровски во Прилеп за чествувањето на Денот на народното востание – 11 ти Октомври

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе