1.3 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Балканското првенство во џудо за пионери и пионерки со поддршка од Цевитана

Витаминка преку својот бренд Цевитана, со гордост го поддржа Балканското првенство во џудо за помлади пионери и пионерки, што се одржа во Битола.  На првенството, во организација на Џудо федерацијата на Македонија, учествуваа деца на возраст до 13 години од единаесет држави: Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Молдавија, Кипар, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Турција и Македонија.

Пред почетокот на натпреварот учесниците беа поздравени од претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски, кој посакувајќи им среќа, успех и добри резултати на натпреварувачите, истакна дека е горд што ова првенство прерасна во традиција и сега е едно од обележјата на спортски план, во државата.

Талентираните млади спортисти од целиот регион, истакнувајќи го својот труд и спортски дух, блеснаа на меѓународната сцена и ги оправдаа напорните тренинзи и личните вложувања во текот на изминатата година. За Витаминка, од големо значење е можноста да биде дел од нивниот пат кон успехот и затоа Цевитана ќе продолжи и во иднина да ги поддржува младите таленти, да инвестира во спортот и да се залага за потенцијалот на секое дете,“ велат од компанијата.

Би можело да ве интересира

Комплексот Трескавец ќе добие пречистителна станица (ГАЛЕРИЈА)

Гордана Цветаноска

ШОК ЗА ПОБЕДА ВО 90 МИНУТА

Елизабета Филипоска

Боево гаѓање кај месноста ” Слива”

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе