2 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Со регистрација до СКУТЕР – Авто Контрол Прилеп наградува!

Авто Контрол  Станица за технички преглед Прилеп на уникатен начин ја одбележува првата деценија од постоењето на компанијата. Сите се потенцијални добитници на вредна награда Скутер 50 цц во ретро стил, доколку го регистрираат своето возило во Авто Контрол Прилеп од 10 ти јули до 30 септември 2024 г. Оваа наградна игра компанијата за прв пат ја организира.

„Во чест на нашата десетгодишнина, со особена гордост ги покануваме сите наши почитувани и верни клиенти да учествуваат во ексклузивна наградна игра. Станицата за технички преглед, Техничката служба за хомологација и атест и Сервисот за возила Авто Контрол Прилеп ја организираат оваа игра за сите кои ќе ги регистрираат своите возила од 10 јули до 30 септември. Еден среќен добитник ќе добие ретро скутер како знак на нашата неизмерна благодарност за вашата лојалност и поддршка. Ви благодариме што сте дел од нашата приказна и што ни ја укажувате вашата доверба, велат од Авто Контрол Станица за технички преглед Прилеп.

Кој може да учествува и како ?

„Време е за скутер“ е наградна игра во која натпреварувачите, среќниот добитник има можност да добие Скутер 50 цц.

Право на учество имаат сите кои во периодот 10 јули од 8 часот и трае до 30 ти септември 2024 до 16 часот  извршиле технички преглед на возилото, при регистрација во Авто Контрол Станица за технички преглед Прилеп.

– Клиентите ќе добијат два идентични наградни купона кои содржат единствен сериски број внесен во дневник за евиденција на техничките прегледи при регистрација на возила на шалтерите од Авто Контрол и со тоа стануваат учесници во наградната игра:

– Едниот од наградните купони учесникот треба да се остави во кутијата за собирање на наградни купони, која ќе биде поставена на видно место во влезната просторија со шалтери.

– Вториот награден купон учесникот во наградната игра треба да го чува кај себе како доказ за учество (овој награден купон треба да биде презентиран како потврда за учество).

Извлекувањето на среќниот добитник ќе се изврши јавно на 1 ви октомври, вторник 2024 во Авто Контрол во присуство на тричлена комисија.

Точното време на извлекувањето, резултатот и видео снимката од извлекувањето ќе бидат објавени на Фејсбук страната на Авто Контрол www.facebook.com/AvtoKontrolPrilep во рок од 3 дена од извлекувањето, а добитникот ќе биде известен телефонски на тел.број кој што го оставил при техничкиот преглед на возилото.

Добитникот на наградат е должен во рок од 15 денови да ја подигне наградата од просториите на Авто Контрол. Персоналниот данок е на товар на компанијата.

Во наградната игра забрана за учество имаат вработените во Авто Контрол Станица за технички преглед и членовите на нивните потесни семејства.

Би можело да ве интересира

Отворена изложбата со над 500 маски изработени од учениците

Гордана Цветаноска

Музичкиот караван „Македонијо во срце те носиме” гостува во Прилеп

Пела Редакција

Мистеријата за падот на „кингерот“ останува – 16 години од загинувањето на Претседателот Борис Трајковски

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе