4.2 C
Прилеп
четврток, 21 ноември, 2024
Пела Радио

Гори и во долненско – попладнево пожар кај с. Слепче

Попладнево  пожарот кај с. Слепче, Долнени  се гасни со еден романски авион “Спартан„ кој  дејствува и им помага на пожарникарските екипи од ТППЕ -Прилеп, да го стават пожарот во контрола, информираат од ЦУК.

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало 2 438 повици на 112 и вкупно 36 пожари на отворено, од коишто активни утрово биле 18, врз коишто од рани зори противпожарно се дејствува од земја и со воздухопловна поддршка, од сите летала што се во моментот на располагање и домашни и од другите земји, информираат од ЦУК.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, апелира до градоначалниците на сите општини, од копно да ги совладуваат пожарите, оти државата нема капацитети за воздушно делување. „Само денеска  10 градоначалници имале побарување од воздушна поддршка„, рече тој .

Попладнево гореше и во Крушево. Градоначалникот побарал воздушна поддршка од ЦУК, но со механизација крушевските пожарникари успеале пожарот во крушевско да го стават во контрола.

Попладнево гореше и во кавадаречко Шивец, каде огнот дошол блиску до куќите. Локалното населени и пожарникарите го спасувале селото од огнените јазици.  Помагајќи во гаснење на пожарот едено лице од месното население се здобило со тешки изгореници на горниот дел од телото и на едната нога и е хоспитализирно. Од ЦУК информираат дека неговата здравствена состојба е стабилна.

Македонија за гаснење на пожарите доби воздушна поддршка од Србија, Словенија,  Хрватска, Црна Гора, Романија  и Турција, чии хеликоптери, авиони,  канадери и ер-трактори делуваат заедно со македонските капаците во битката со пожарите на отворено што ја зафатија земјата.

Би можело да ве интересира

(фото)Во Општина Новаци во повеќе населени места се фрлаше крстот

Елизабета Филипоска

Прилеп: 27 активни случаи, нема нови

Не е сеедно од каде набавувате детска гардероба!!!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе