12.8 C
Прилеп
вторник, 11 март, 2025
Пела Радио

Пожарот долненско се шири кон Небрегово и Присад

Центарот за управување со кризи информира дека за последното деноноќие 19/20 јули биле евидентирани вкупно: 35 пожари на отворено, од коишто активни се 12. Во долненско пожарот се движи кон селата Небрегово и Присад:

Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Прилеп известиле дека пожарот во атарот на с.Небрегово (општина Долнени) што започна на ден 18.07.2024 година во 18.59 часот се движи во правец на с.Небрегово и с.Присад, каде што е зафатена ниска вегетација и ниска деградирана мешана шума. Ангажирани се 17 пожарникари со 3 теренски и 2 ПП возила – цистерни. Испратена е и екипа од 3 вработени во Национални Шуми – Прилеп. Ангажирана е и градежна машина од рудникот „Фимар Балкан“ за создавање на заштитен појас во с.Небрегово. Од ЕЛС Долнени побарана е воздухопловна поддршка.

Би можело да ве интересира

Премиерот на увид на патниот правец Прилеп-Битола

Пела Редакција

Општина Прилеп наскоро, отвора дневен Центар за лица со церебрална парализа

Гордана Цветаноска

Мед за децата во згрижувачки семејства

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе