14.4 C
Прилеп
понеделник, 16 септември, 2024
Пела Радио

Групата Ван Гог, Амадеус Бенд, Суперхикс… се само дел од музичките ѕвезди кои ќе настапат на „Prilep Beer Weekend“ од 9 до 11 август

Организаторот, продукцијата „Евент гроуп“ од Скопје,која по втор пат го организира фестивалот на пивото и скарата во Прилеп,насловена како „Prilep Beer Weekend“ откри дел од имињата кои ќе настапат оваа година . Музичката група Ван Гог, српската група Амадеус Бенд, македонската групата  Суперхикс, која слави 30 години од постоење,  балканската поп пејачка, Сања Вучиќ, македонскиот фолк изведувач, Наум Петрески се само дел од 20-те изведувачи кои ќе настапат на трите фестивалски денови во Прилеп, од 9 до 11 август.

„Целата фестивалска  програма ќе биде позната в среда.„ истакна организаторот, Дарко Крстески од продукцијата „Евент гроуп“од Скопје.

Градоначалникот на Прилеп,Борче Јовчески ги покани сите да дојдат во Прилеп и да уживаат во новото издание на „Prilep Beer Weekend“ и вети дека ќе биде обезбеден јавниот редот и мир,  паркинг простор за сите посетители кои ќе дојдат во Прилеп, хигиена на највисоко ниво и можност за сместување на сите туристи кои сакаат да присуствуваат во Прилеп на трите фестивалски денови

Општина Прилеп предвиде буџет од 1 милион денари во програмата за култура со што, традиционално, и оваа година ја поддржуваме манифестацијата. Градот сигурно ќе биде максимално подготвен за одлична забава на еден од најголемите фестивали на скарата и  пивото  во Македонија и на Балканот. Како градоначалник сакам да изразам благодарност на сите пиварници, угостители и компании кои се партнери на овој фестивал и заеднички да придонесеме кон подобар локален економски развој.“-  соопшти градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

Манифестација „Prilep Beer Weekend“ ќе се простира на површината 3.811 метри квадратни предвидени за поставување на штандовите,  а работното време на Чаршијата и угостителските објекти во трите фестивалски дена ќе биде продолжено за два часа.

Би можело да ве интересира

Прилеп домаќин на Светско јуниорско првенство во воздухопловно моделарство

Пела Редакција

Прилеп го одбележа Илинден, Денот на Републиката

Пела Редакција

Утре, четврток, без електрична енергија три прилепски села

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе