11.6 C
Прилеп
недела, 20 април, 2025
Пела Радио

Физичко насилство – влегле во неговиот дворот и го нападнале

На 21.07.2024 во ОВР Прилеп, Ј.М.(50) од Прилеп пријавил дека околу 12.15 часот на ул.„Тризла“ во Прилеп и еден час подоцна пред неговиот дом на ул.„Дабничка“, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од повеќе лица, од кои дел употребиле и метални предмети.

– Исто така, на 22.07 2024 во 03.00 часот во ОВР Прилеп, Н.М.(28) од Прилеп, син на Ј.М., пријавил дека С.В., В.А., Б.И., А.И., Б.Р., Р.Р., Д.И., Ш.Н. и уште неколку лица, сите од Прилеп, влегле во неговиот двор и со тврди предмети ги оштетиле возилата „лада“ и „фолксваген голф“, кои биле во дворот, а физички нападнале еден од неговите малолетни внуци. Како што е пријавено, С.В. и В.А. носеле и пиштоли, но не ги употребиле. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање случаите, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Дневен биланс за состојбата со корона вирусот во Прилеп

Движењето „Ние сме Македонија“со протести во повеќе градови во светот

Гордана Цветаноска

Јубилеен 15 ти Фестивал на медот во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе