11.8 C
Прилеп
понеделник, 27 јануари, 2025
Пела Радио

Краделе во каменолом, уапсени двајца прилепчани

На 28.07.2024 во с.Железнец, демирхисарско, полициски службеници од  ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода О.М.(30) и Е.Ш.(36), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати при извршување на „тешка кражба“ во каменоломот во атар на с.Железнец. За настанот бил известен јавен обвинител, а од нив биле одземени предмети поврзани со делото. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Истиот ден од полицската хроника уште две пријави за агресилно однесување:  на 28.07.2024 во ОВР Прилеп, М.С.(51) од Прилеп пријавил дека на ул.„Дабничка” во Прилеп, едно лице физички го нападнало и му се заканило со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 28.07.2024 на бул.„Гоце Делчев” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Ф.Ц.(21) од Прилеп затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Сообраќајна несреќа кај с.Мажучиште на патот Прилеп-Македонски Брод

Елизабета Филипоска

Мицкоски од Прилеп: Ве повикувам сите да излезете на изборите за да не не уценуваат!

Утре, вторник, напладне, средба на тутунарите со министерот за земјоделство

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе