16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Ќе се врши втора фаза на ларвицидна дезинсекција

На 31 јули и на 1 август во периодот од 7 до 13 часот  на територијата на општина Прилеп, екипа од Центарот за јавно здравје Прилеп ќе се спроведе втората фаза на ларвицидна теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвените форми на комарци. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени места каде што има идеални услови за раст, развој и размножување на комарците, како што се фонтани, мини езерца, одводни канали, мочуришта, делови по течението на градска река, делови од Дабнички канал, Селечка река, Маркова чешма, област Поводеници, Вештачко езеро, Волковски езера, област Ѓумушица, Сарика како и водени површини во населените места: Беровци, Кадино село, Галичани, Чепигово, Тројкрсти, Мало и Големо Коњари. Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата се одложува за следниот ден,  информираат од Центар за јавно здравје Прилеп.

Би можело да ве интересира

Стоби Флипс и Брилијант се најпознати брендови во 2023 година

Состојбата со коронавирусот во Прилеп

Прва фаза адултицидна дезинсекција за уништување на комарци

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе