29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Гори во атарот на с. Радобил – постои опасност пожарот да ја зафати дабовата шума

Во атарот на селото Горно Радобил,  во Општина Прилеп (селото е на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп) попладнево избувна пожар , изјавија од ЦУК. Екипите на ТППЕ -Прилеп се на терен и се во обид да го изгаснат пожарот, но ветрот кои дува овој ден дополнително го отежнува гаснењето. На прилепските пожарникари, на помош им се и противпожарни  екипи од ТППЕ од Кавадарци и екипа од ЈП Национални шуми.
Во овој момент гори ниска вегетација, деградирана шума, но постои опасност овој пожар да зафти квалитетна дабова шума која ја има во овој предел, велат од ЦУК . Градоначалникот на Прилеп, за гаснење на овој пожар,веднаш побарал воздушна поддршка.
Но, во овој  момент на располагање ги имаме само трите трактори на ДЗС, два армиски и два полициски хеликоптери, кои поради нивните ограничувања, не сме во можност да ги испратиме на бараните локации, кои денеска се опожарени.  Затоа, апелирам и до градоначалниците и до ТППЕ , да се фокусираат на користење на градежна механизација за правење на т.н противпожарни појаси и апелирам до сите граѓани да бидат исклучително внимателни кога се движат во шума и на отворено, бидејќи бројот на пожари станува алармантен, а не очекува повторно топло време со високи температури, без врнежи„  – вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов .
Тој апелра и до граѓаните кои имаат викендици  да направат појас околу нивните имоти, за да ги заштита од евентуални пожари во нивната околина.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека денеска имало 20 пожари, од нив 10 се изгаснати , а 8 се се уште активни, но состојбата постојано се менува .

Би можело да ве интересира

Машка слика и градоначалничко “мачо натпреварување“ – само 3 жени од засега 74 предложени кандидати

Пела Редакција

Kога ќе биде ставена во функција новата градинка во населбата Точилa?

За колку ќе поскапи јавниот градски превоз ?!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе