-1.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Адамчески од младинскиот тим премина во сениорскиот тим на РК Прилеп

Ракометниот клуб Прилеп се засили со уште еден играч за нова ракометна суперлигашка сезони.

Нов член на првиот тим на Прилеп е младиот Филип Адамчески, кој беше дел од младинските категории на клубот. Станува збор за млад талентиран ракометар кој настапува во бековската линија, а дејствува главно во левата страна на нападите.

За новата сезона покрај тренерот Божидар Мојсов, кој останува на кормилото и ја продолжи соработката, беше продолжен договорот и со капитенот Христи Бикоски.

Претходно клубот на својата ФБ страна информираше за уште четири засилувања – пивотот Александар Тренчевски, средниот бек Божидар Илиески, десниот бек Никола Јеремиќ и голманот Стефан Христоски.

 

Би можело да ве интересира

Успешен пролетен старт на ЖРК „Деспина„

Елизабета Филипоска

Петто реми на Победа на домашен терен

Гордана Цветаноска

Кои се финалистите на турнирот во мал фудбал во Кривогаштани?!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе