16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Вечерва РК Прилеп пред своја публика со Еурофарм Пелистер

Натпреварот меѓу Прилеп и Еурофарм Пелистер ќе се одигра денеска со почеток од 19:00 часот во спортската сала при СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, со што ќе започне последното, 14. коло од регуларниот дел од Супер лигата. Влезот за сите љубители е слободен.За двете екипи ова ќе биде последниот натпревар годинава, потоа следи пауза, додека со своите настапи ќе продолжат во вториот дел од сезоната, во која битолчани ќе разигруваат за титулата, додека екипата на Прилеп ќе игра во плеј-аут фазата и ќе се бори за задржување на суперлигашкиот статус.

Дел од натпреварите од последното коло се играат порано поради репрезентативните настапи на кадетската, младинската и сениорската репрезентација кон крајот на декември и почетокот на јануари.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Вардар освои лесна победа против Прилеп

Започнува пријавувањето за учество на турнирот во мал фудбал „Св.Никола 2025“

Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот, се зголемува и цената на мазутот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе