17.3 C
Прилеп
среда, 12 март, 2025
Пела Радио

Вечер на унгарски песни и танци на платото пред Цепенков

На платото пред ЦК „Марко Цепенков“  среда, 7 ми август 2024, од 20.00 часот ќе се одржи концерт „Вечер на унгарски песни и танци“, што Центарот го реалиизира во соработка со Здружението на Унгарците Теледом и Амбасадата на Унгарија. На концертот ќе настапат оркестарот Јухас и фолклорната група Дуна Танода од Баја (Унгарија). 

Оркестарот Јухас е  формиран е во 2000 година. Со текот на години станал еден од најистакнатите оркестри на народен мелос во Војводина но и на сите територии со унгарско говорно подрачје. Добитници се на бројни награди и признанија како во Војводина, така и во Унгарија, но и во голем број на европски држави. Годишно одржуваат повеќе од 100 настапи со самостојни концерти или во придружба со фолклорни ансамбли.

Дуна Танода е фолклорно друштво  формирано 2019 година во градот Баја со намера да ги подучува младите за автентична, звучна вокална  унгарска народна музика и народни танци.Учесници се на голем број на натпревари, фестивали, и смотри, дома и во странство представувајќи го унгарската култура и традиција.

Би можело да ве интересира

Почнува фестивалот „Прилеп џез викенд“

Пела Редакција

Пожар ја зафати месноста „Заград“ – пожарникарите апалираат за помош

Пела Редакција

Дали ќе добиете домашна платежна картичка проверете на kupuvamdomasno.gov.mk 

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе