11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

( Фото+ видео) „Св. Пантелејмон„ празникот кога си заминуваат штрковите

Чудото на природата. Како ли знаат кога треба да патуваат ?!

 

На „Свети Пантелејмон”, секогаш, на 9 август, замнуваат штрковите во потоплите краишта – секоја година, на истиот ден. Се собираат, довикуваат и полетуваат во јато, за повторно да се вратат во родните гнезда.

За штрковите, се мисли дека се верни на семејството, живеат во двојки и доколку почине еден, остануваат сами. Во прилепско Кривогаштани навикнати се на гнездата на штрковите на оџаците од куќите, на високите бандери, столбови, на покривите. Тука, и, штрковите, и, луѓето живеат заедно од пролет до август.


Кривогаштанци паметат дека  пред десетина години, локалните власти сакаla да им создадe посебна населба со гнезда, ама штрковите „си тераат по свое”.  Имаат свои домови кои сами ги создале и не сакаaт да ги напуштат.

Кривогаштанци сфатиле дека треба да ги почитуваат навиките на штрковите, запишани во гените и не им ги менуваат гнездата.

И, во прилепско Мало Коњари, од каде е познатата приказна за Силјан штркот  од Марко Цепенков, штрковите денеска подготвени за преселба.

Се собираат, како семејства, и го чекаат секој еден кој е од овој, овој пелагониски крај. Чудо е природата!

 

Жителите од Прилепско се надеваат дека климатските промени не им влијаеле на навиките на штрковите и преселните птици, бажни за рамнотежа на природата.

Би можело да ве интересира

МНР: Да не се патува во Италија

Гордана Цветаноска

Отворено писмо на Здружението на приватни стоматолошки здравствени установи за решавање на состојбите

Гордана Цветаноска

Чесниот крст во рацете на Благојче Цветкоски во Славеј

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе