Во чест и сеќавање на прилепската ракометна легенда Миле Нешкоски , по 9ти пат во Прилеп ќе се одржи меѓународниот меморијален ракометен турнир “Миле Нешкоски”.Годинава на турнирот ќе настапат шест екипи поделени во две групи.Група 1 – РК Прилеп , ГРК Тиквеш и РК Еурофарм Пелистер 2 и Група 2 – ГРК Охрид , РК Врање и РК Куманово.
Натпреварите стартуваат на 29.08 со дуелот помеѓу ГРК Охрид и РК Куманово со почеток во 18 часот.Претходно ќе биде положено цвеќе пред спомен плочата на Миле Нешкоски која е во близина на салата Сонце .Завршницата на турнирот е во недела на 01.09.2024 со пресметките за 5то место во 11 часот, за трето место во 13 часот и за прво место во 15 часот , по што се следува и свеченото затворање.И годинава организаторот се погрижи сите натпревари да се следат во живо на livestream на You Tube.