-1.4 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Втор ден на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“- РК Прилеп го забележа вториот пораз

Денеска се одиграа натпреварите од вториот ден на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ .

Екипата  на Куманово  изгуби од српската екипа Врање со 35-25 и  ќе разигрува за петтото место на турнирот, в недела од 11:00 часот. Врање, пак, утревечер во директен дуел против Охрид ќе реши кој тим ќе ја освои првата позиција во групата и ќе игра во финалниот натпревар.

Во другата група,  домаќинот Прилеп го забележа вториот пораз, од Тиквеш со 28-26 и ќе игра за петтото место, в недела против Куманово. Екипата на Прилеп во првиот дел, во повеќе наврати водеше со плус два и ја имаше контролата на теренот, но со голот на Манасков од пенал, кавадарчани заминаа на пауза со предност, 12-11. Со слична игра продолжи и второто полувреме. Прилепчани одржуваа рамнотежа, а Тиквеш почна да се одлепува на плус два во последните десетина минути ,но и покрај напорите  финишот им припадна на Тиквеш.

Утре, сабота, на третиот ден од турнирот се среќаваат:

ГРК Охрид – РК Врање (18, оо часот) 

ГРК Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 ( 20.00 часот)

Би можело да ве интересира

Победа торпедирана во Прилеп

Седлоски : На градот Прилеп му е потребен ракометен турнир а нашиот “Миле Нешкоски” e тридневна ракометна магија (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

(фото)Од меѓународниот турнир во Грција клубот „Пролетер“ со многу медали

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе