18.7 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Ветераните одбојкари со победнички старт

Единствениот ветерански одбојкарски клуб сериозно тренира и успешно настапуваат во одбојкарската лига за ветерани, која веќе стартува.Имено,  денес во Гевгелија со започнанувањето на втората одбојкарска сезона во ветеранска конкуренција, “11 ти Октомври” повторно го изненади противникот.

Годинава лигата брои осум екипи , а Прилеп со свој претставник,  екипата на “11 Октомври” на денешниот, прв натпревар, забележа триумф против екипата – домаќин Гевгелија со 2:0 (25:19, 25:20) во сетови и со тоа ги освои првите бодови годинава.

За прилепската екипа настапија: Жарко Илиески, Теодор Ангелески, Зоран Пилоски, Димитар Стрезоски, Мартин Наумоски и Гоце Бурнески.

Второто коло е за седум дена во Струмица каде што прилепската машка ветеранска екипа “11 ти Октомври,” повторно ќе игра надвор и ќе се сретне со екипата – домаќин Струмица .

За успешноста на овие “млади” момци и за нивната желба за зачувување на одбојкарската традиција во Прилеп, говорат и резултатите од  минатата натпреварувачка сезона, кога екипата “11 Октомври” ветерани достигна да се натпреварува на фајнал фор турнирот.

Би можело да ве интересира

Мартин Ристески: Спортувајте што било, затоа што спортот е здравје(ВИДЕО)

Пела Редакција

Фил Феникс – спортски клуб за гордост на Прилеп и Македонија

ПИНГ-ПОНГ: Супер лига – мажи ПРИЛЕПЧАНИ СО СИТЕ 4 БОДА ОД СКОПЈЕ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе