11.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Охрид и Еурофарм Пелистер 2 финалисти на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“

Во финалето на Меѓународниот меморијален  турнир „Миле Нешкоски“ утре, 1ви септември се среќаваат македонскиот ракометен суперлигаш ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер 2. Охриѓани денеска беа подобри од српската екипа на Врање (28-22) .

Уште на стартот ГРК Охрид се одлепи со 4-1. Потоа, беше 9-4, а иако Врање на полувремето дојде само на „минус два“ (13-11), сепак, триумфот го задржа македонскиот тим.

Вториот финалист го даде дуелот меѓу Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2 (21:30).

Утре, последниот ден од турнирот финалето е закажано за 15 часот во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески Ричко“ по што ќе следи свеченото затворање. Претходно од 13 часот се игра за третото место, а од 11 часот е натпреварот за петтото место.

Би можело да ве интересира

Прилеп: Петмина оздравени, двајца новозаболени од Ковид 19

Гордана Цветаноска

Втор ден по ред 4 нови случаи корона позитивни во Прилеп

Касарната “Мирче Ацев”- Прилеп и Гимназијата го одбележаa патрониот празник

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе