
Стaнува збор за пожар кој има размери на “чудовиште” затоа што линијата на опожарениот појас е веќе повеќе од 20км. Ако изминатото деноноќие во опасност беше селото Бонче каде со помош на противпожарните единици од Прилеп, Битола, Кавадарци, Могила, Новица и доброволното битолско Здружение Архангел Михаил пожарот беше спречен да се прошири и зафати дел од куќите и добитокот, ова попладне и вечер критично е кај село Крушевица.
Овој пожар има два фронта, лево и десно напаѓа кон селото и го загрозува истото. Денес на вчерашниот повик од Кризниот штаб одговорија и противпожарните екипи на единиците од Охрид, Ресен, Радовиш, Свети Николе и секако изразувам огромна благодарност на нивната подадена помош. Исто така огромна благодарност на Армијата на РМ кои и со по неколку саати остануваа длабоко навлезени во густиот чад. Воздушната поддршка која беше активна денес со еден хиликоптер и со еден авион беше навистина од помош до оние граници кои ги дозволуваше густината на чадот по безбедноста. Селото Пештани не е загрозено, пожарот е високо во планината, с.Дуње и с.Кален не се во опасност, над с.Кокре гори високо во планината. Постои едно жариште кај репетиторите над Штавица каде денес гаснеа екипите од Национални шуми, а во теков на ноќта ќе има пожарна стража бидејќи станува збор за многу стрмен и непристапен терен. Пожарникарските екипи остануваат на терен, а Кризниот штаб продолжува со координација од 20ч за текот на ноќта и активностите за утрешниот ден. АПЕЛИРАМ до целото население да не се креваат паники, да не се прават непотребни тензии помеѓу било кого што би довело до непотребно трошење и насочување на енергијата во друго поле надвор од фокусот, а тоа е ПОЖАРОТ.
