Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ ќе се одржи ,в петок и в сабота, во Прилеп и на Рудина кај Долнени. Околу 250 изведувачи на народните инструменти, на гајда, тапан, кавал и исполнители на изворни песни ќе учествуваат во двете фестивалски вечери.
Мораше да се ограничиme бројот, бидејќи имавме и ограничени средства на располагање. Но, грижата за зачување на изворниот фолклор што е и основната цел на фестивалот, единствен од ваков вид во Македонија, ни дава елан да ја чуваме и продолжиме оваа манифестација. Селекторот и уметничкиот директор, професор Родна Величковска, мораше да направи селекцијата од околу 700 заинтересирани.Но имаме многу интересни ученици кои се на возрас од 7 до 77 години.На Рудина во Долнени ќе се чуе гајдата,но и кавалот,тапанот,зурлата…Затао ги поканувам стеи да дојдат и да ја збогатат оваа манифестација – вели членот на организациониот одбор на фестивалот, Златко Лашкоски
Денеска во спомен куќата на оснивачот на фестивалот,Пеце Атанасоски во Долнени, започна и петдневниот семинар за изучување на изворните инструменти и песни. Семинарот е во рамките на Фестивалот и на него учествувааат околу 15 деца со кои работи етномузикологот Горан Василески, кој овие денови ќе им ги открива тајните на изворните песни и инструменти
– Една од најбитните цели е зачувување и пренесување на богатото вековно изворно творештво на новите генерации. Семинарот тоа го прави упатувајќи ги младите во начинот на изворното пеење и музицирање. Задоволство е да се работи и да се пренесува народното творештво, а интересот постои, вели Василески.
Фестивалот ќе биде отворен в петок од 20 часот на плоштадот „Александрија“ во центарот на Прилеп кога ќе настапат дел од учесниците. Главната натпреварувачка вечер е в сабота од 18 часот на Рудина кај Долнени, лулката на Фестивалот. Жири комисија ќе ги оцени и ќе ги прогласи најдобрите изведувачи на народни инструменти и песни. Ќе бидат доделени Гран при наградата за најдобри изведувачи и гајдата на Пеце Атанасовски за најуспешниот гајдаџија што традиционално ја доделува општина Долнени.