24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Изложба на Милко Нестороски во Цепенков

Во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ ,,утре, 2 април (петок) во 12.оо часот ќе биде отворена изложба од Милко Нестороски, што е дел од програмата поддржана од Министерството за култура.

“Која е улогата на уметноста во човечката цивилизација, од каде произлегува потребата од уметност и која е нејзината основна намена или зошто уметност?… Јас лично во потрагата по овие одговори одлучив да тргнам назад во моето детство, за во тогашниот мој светоглед ги пронајдам корените на сегашните мои творечки тенденции. Така стигнав до делa со кои истовремено како тема се опфатени  прашањето за природата на уметноста и творечкиот нагон, но и карактеристиките на тоа што јас, таков каков што сум, имам да го понудам при моето изразување преку ликовната уметност“, вели авторот за изложбата.

Нестороски (1994) е дипломиран сликар со модул сценографија на ФЛУ – Скопје во класа на проф. М-р Благоја Маневски. Има одржано 4 самостојни изложби во Струга, Скопје, Кичево и Прилеп и една во склоп на СВП.

Моментално работи во своето ателје во Струга каде држи и часови по ликовна уметност. Во последната година соработува со странска уметница Лида Шерафатманд со која е закажана заедничка изложба во CAM Музеј на современа уметност во Наполи и се коавтори на манифест во склоп на изложбата.

Би можело да ве интересира

Прилепски музички ритам „2 дена на 3 локации“ концерти на учениците од Музичкото училиште

Пела Редакција

110 години од смртта на Атанас Бадев

(ВИДЕО) Филип е во срцата на сите нас

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе