11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(Видео) Нова економска мерка „Училишна кошница“ за училишен прибор по пристапни цени

Училишни чанти, прибори, тетратки, блокови, моливи и пенкала, гуми за бришење, фломастери и боици, острилки, линијари, шестари и хартија за фотокопирање, маркери, мрсни боици, акрилни, водени бои и четки, линеарни и дидактички материјали, т.н. „Училишна кошница“ што Министерството за економија ја воведе од 3-ти септември  како економска мерка, со неопходните производи за почетокот на учебната година кои треба да бидат по прифатливи цени за потрошувачите, како нова привремена мерка, треба да послужи за подобрување на стандардот на граѓаните.

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески објасни дека „Училишната кошница“ ќе биде достапна до 20 октомври, а за конкретните производи што секоја продавница ќе одлучи да ги вклучи во понудата, ќе важат одредбите за плафон на профитот, и затоа ќе постојат интензивни проверки. На големо, маржата ќе биде ограничена на 5%, додека на мало до 10%.

Некој од граѓаните сметаат дека мерката е добредојдена, а некои дека мерката “Училишна кошница“ е задоцнета, бидејќи родителите пред почетокот на учебната година веќе набавиле дел од  училишниот прибор кои на нивните деца им е потребен за новата 2024/2025 учебна година.

„Веќе набавивме ранци, моливи, тетратки и сметам дека мерката е задоцнета.Тоа требаше да се направи барем кон крајот на август или да ни’ соопштеа дека планираат таква мерка да воведуваат, па да не подигнувавме толку училиштен прибор„ вели Весна

Мерката “Училишна кошница“ ми е позната. Ја им и во соседството (Грција.) По пристапни цени таму се набавува дел од училишниот прибор  пред стартот на учебната година. Добро е што се воведува и кај нас и се надевам дека ќе се почитува и идната година“- вели Јован

Не сум слушнала за мерката, ама ако е тоа така  добро е , јас имам тројца ученици. Еден сега ќе биде и студент. Па, можеби ќе ни олесни малку од давачките. Сега само што купив над 20 тетратки„- вели Милка

Заменик министерот за економија, Марјан Ристески, смета дека мерката е навремена и ќе им биде добредојдена на родителите и сега.

“Со мерката “Училишна кошница“ очекуваме да се намалат цените на училишниот прибор. Мерката можеби е задоцнета, бидејќи е применлива од 3-ти септември, но сметам дека и не е,  бидејќи поголемиот дел од училишните материјали се купуваат откако учениците ќе седнат во училишните клупи и ќе бидат информирани, ќе знаат, што им треба точно од училишен прибор. А, од друга страна пак,  студентите започнуваат од 1-ви октомври и ним ќе им требаат училишни материјали .Така да мерката “Училишна кошничка“ не е задоцнета. Но, во иднина оваа привремена мерка планираме да биде воведена пред стартот на новата учебна година„-  изјави заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристеска,

Тој при оваа прилика ја  најави и следната мерка на Министерството за економија и труд воведување на т.н и “Есенска кошница“ која деновиве ќе и биде предложена на Владата со цел  намалување на цените на одредени прехранбени производи, кои, главно се користат во овој период од годината како основни за подготовка на зимница, за да послужи како мерка за граѓаните да набават поевтини продукти.

„Училишната кошница“ и “Есенската кошница“ се во рамките на иницијативите на Владата во одредени периоди од годината, како што се Божиќ, Нова година, Велигден итн. да воведуваат сезонски продукти со цени кои треба да останат исти или да има минимални покачувања, како економска мерка за поквалитетен стандард на населението.

Би можело да ве интересира

Прилепчанецот Оливер Димитриоски на чело на РК Прилеп

Елизабета Филипоска

Од утре изменет сообраќаен режим на патот Прилеп – Битола

Пела Редакција

Двојно зголемен бројот на повици во прилепската Служба на Итна помош

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе