11.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Парична казна за производител на сирење во Ново Лагово и месар во Прилеп

Поради вршење на нерегистрирана дејност – производство на сирење, неделава во  с. Ново Лагово, по спроведен вонреден инспекциски надзор, индивидуален земјоделец – примарен производител на кравјо млеко е парично казнет, извести Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) која нештетно уништи и 8 килограми сирење, 2 килограми кашкавал, 5 пакувања мед со саќе во количина од 4,5 килограми, кои немале документ за потекло и во скопскиот зелен пазар „Буњаковец“.

Во Прилеп, исто така, е изречена казна на оператор со храна – месарница поради неводење на дневна евиденција за потрошени суровини за производство на подготовки од месо.

Иснепкциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за заштита на потршувачот  продолжуваат со спроведување на редовни и вонредни контроли на целата територија на земјава.

Би можело да ве интересира

Од утре и за велигденските празници дождливо време

Елизабета Филипоска

По медиумската објава, семeјството Спасески го посетија институциите

Злато за учениците од Крушево на натпреварот по кулинарство

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе