13.5 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Три пријави за физичко насилство и вознемирување

Од полициската хроника три пријави за физичко насилство и вознемирување:

На 08.09.2024 во ОВР Прилеп М.С.(36) од Прилеп пријавил дека на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп додека бил заедно со неговиот внук во колонијална продавница, бил физички нападнат од К.Н., кој,  според пријавеното, со употреба на тврд предмет го оштетил и возилото на пријавителот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 08.09.2024 во 12.20 часот во ОВР Прилеп, В.С.(32) од Прилеп пријавила дека додека со своето малолетно дете се движела низ центарот на Прилеп, била вознемирувана од машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.09.2024 во 05.15 часот пред ноќен клуб во близина на железничката станица во Прилеп,  А. М.(33), А.А.(35)  и Б. М.(34) сите од Прилеп го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Втор ден по ред 4 нови случаи корона позитивни во Прилеп

Проданоски: Апелирам за коректна, достоинствена и фер кампања за претседателските избори

Пела Редакција

Прилеп доби нови контејнери за селекција на отпад

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе