11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Со кои проекти аплицира Општина Прилеп за владини пари?!

Општините ќе добијат 250 милиони евра државни пари за инфраструктурни проекти. Започна аплицирањето со проекти до Министерството за локална самоуправа. Се вклучува и Прилеп со свои проекти. Со 250 милиони евра за проекти, владата има за цела да помогне за развој, поддршка и поткрепа во работата на локалната власт, но во фокусот за владиното финансирање, ќе бидат капитални проекти.

.

Денеска Општина Прилеп ( на ФБ страната) се произнесе дека ќе аплицира со четири инфраструктурни проекти, за пари од централниот буџет:  1. Изградба на кружен тек на улица „11-ти Октомври“, улица „Кеј 9-ти Септември“ и улица „Кеј 1-ви Мај“ (мост „Табана“), 2.изградба на дел од улица „Победа“, од крстосница со улица „Александар Македонски“ до крстосница со улица „Павел Шатев“, 3.реконструкција на постоечки водоводни линии во градска четврт Карабдалица. (во централното градско подрачје) и 4. реконструкција на дел од јавна површина со партерно уредување и поставување на урбана опрема во централното градско подрачје на Прилеп (кај хотел „Скопје“) .

Општините ќе можат да добијат пари за еден или повеќе проекти, а Министерството за локална самоуправа, ќе врши селекција на оние проекти кои ќе бидат избрани за финансирање. Парите нема да бидат исплатени одеднаш, а средствата ќе се доделат преку шест министерства. Ќе има претставници од сите министерства во владиното тело, кое ќе го надгледува процесот за истиот да биде транспарентен.

И, заменик – министерот за економија и труд, Марјан Ристески даде поддршка за проектите на локалната самоуправа на Општина Прилеп. Тој преку својот ФБ профил стави акцент на проектот, креиран пред 10 години , за изградба на кружен тек кај мостот „Табана“ , надевајќи се дека токму овој проект, ќе добие зелено светло  од владиниот избор за успешни  капиталени проекти, и конечно прилепчани да можат да го решат “тесното сообрајќајно грло“ кое со години го има на овој инфраструктурен простор

А, колку пари ќе добие Општина Прилеп од централната власт и кои проекти ќе добијат финансиска владина поддршка останува да се види. Факт е дека на општината за овие проекти и требаат повеќе од  неколку милиони евра, но, и тоа, дека колку  и да е висока финансиска поддршка од Владата за реализација на капитални проекти во локалнта заедница ,тие ќе бидат добредојдени во насока на поквалитетен живот на прилепчани.

 

 

Би можело да ве интересира

Прилепска Пиварница продолжува со инвестициите

Гордана Цветаноска

Денот на македонската револуционерна борба ВМРО – ДПМНЕ ја прослави во Прилеп со „Разговори за обнова за Македонија“

Гордана Цветаноска

Гентерм за идната година најавува нови 500 вработувања

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе