10.7 C
Прилеп
понеделник, 31 март, 2025
Пела Радио

Третоноемвриски награди 2024-отворен јавниот повик за доставување предлози

Комисијата за одбележување значајни празници и манифестации и доделување награди и признанија го отвори јавниот повик за доставување на предлози за доделување на Третоноемвриските награди:

По повод одбележувањето на празникот на Општина Прилеп 3-ти Ноември, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, традиционално секоја година доделува општински награди и признанија „3-ти Ноември“ како и награда за животно дело. Овие признанија и награди се доделуваат на физички и правни лица за достигнувања во општествениот, стопанскиот, културно-уметничкиот и политичкиот живот. Предлог за доделување награди и признанија можат да дадат претпријатија, здруженија и граѓани како и други субјекти. Предлозите се доставуваат до Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Прилеп, на приемното одделение во новата општинска зграда или на адреса ул: „Прилепски Бранители“ бр. 1 Прилеп почнувајќи од денес 12.09.2022 до 12.10.2022 година. Предлозите треба да бидат образложени, аргументирани и да ги задоволуваат критериумите за посебни достигнувања во Општината во соодветната област, за периодот од 3-ти Ноември 2023 година до денес, односно за животно дело на кандидатот, кој подолг период впечатливо е присутен со значајни остварувања во својата област.

Би можело да ве интересира

Во Битола, Крушево и Охрид највисока снежна покривка

Гордана Цветаноска

Ваучери за инвертер клими, како да се аплицира?

Пела Редакција

Летото и официјално пристигна – со температури до 40 степени

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе