11.9 C
Прилеп
петок, 18 април, 2025
Пела Радио

Трета фаза дезинсекција – пчеларите да ги заштитат пчелните семејства

На територијата на Општина Прилеп во деновите среда 25.09, четврток 26.09 и петок 27.09 2024 во периодот од 22 до 05 часот екипа од Центарот за јавно здравје – Прилеп ќе ја спроведува третата фаза од адултицидна теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на  комарци.

„Дезинсекцијата ќе се изведува со УЛВ апаратура за ладно замаглување поставена на пикап возило со претходница на друго возило означено со ротационо светло. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите урбани заедници во градот Прилеп и неговата периферија, како и во населените места: Оревоец, Лениште, Селце, Лагово, Тополчани, Беровци, Ерековци, Канатларци, Кадино село, Галичани, Чепигово, Тројкрсти, Мажучиште, Мало и Големо Коњари. Со цел избегнување на евентуални несакани последици се информираат пчеларите да преземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства. Во случај на неповолни временски услови (дожд, ветар) дезинсекцијата се одложува за следниот ден. Доколку граѓаните не се придржуваат на горенаведените превентивни мерки ЦЈЗ Прилеп се оградува од секаква одговорност од појава на несакани последици“, стои во соопштението на Центарот за јавно здравје Прилеп.

Би можело да ве интересира

Денови на Крали Марко

(ПРОГРАМА) Иновативност и традиција за 11 ти Октомври од Општина Прилеп

Гордана Цветаноска

Кои услови ги нуди Протектор за полиси за авто одговорност, каско осигурување и зелен картон?

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе