1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Над 300 учесници на џудо турнирот „Прилеп град херој 2024“

По 14-ти пат во Прилеп ќе се одржи  традиционалниот  меѓународен турнир  во џудо за помлади пионери, пионери и кадети „ПРИЛЕП ГРАД ХЕРОЈ – 2024“. Борбите ќе бидат во сабота на 05.10 во салата од СОУ Ристе Ристески Ричко.

Програмата за свечено отворање е од 10 до 10 и 30 часот. Борбите започнуваат од 10 и 30 часот. Има 8 земји учеснички, од 30 клубови. Ќе учествуваат околу 300 натпреварувачи во три возрасни категории: деца до 11 години, помлади пионери до 13 години и пионери до 15 години. Од земјите учеснички освен од вообичаните од балканските држави за прв пат ни се присутни Грузија, Шкотска и Кипар што му дава посебна тежина на овој турнир дека одиме по нагорна линија и се проширува надвор од границите на Балканот. Очекуваме добри борби, да победат најдобрите, посочи Дејан Мицкоски од ЏК „Сеишен“ Прилеп на денешната прес конференција.

Турнирот има долга традиција, се одржува од 2009 та година, но со пауза за време од двете години за време на пандемијата.

 

 

Би можело да ве интересира

Мирчески: тутун без пари не се сади, почитуван министер!

Шестмина прилепчани ја загубија битката со корона вирусот.

Гордана Цветаноска

Витаминка донираше 400 брзи тестови за потребите на прилепчани

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе