0.8 C
Прилеп
петок, 27 декември, 2024
Пела Радио

Се подготува нова претстава во прилепскиот театар

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ деновиве работи на подготовка на новата претстава со работен наслов „Го викаа/т Господин“ во режија на прилепчанецот Борис Василески.

Автор на драмскиот текст е современиот германски писател Филип Леле. Текстот е напишан во 2008 година, кога авторот имал триесет години.

Претставата ќе ја следи приказната на Господин, човекот кој на донкихотски начин  решава да се бори против капитализмот, па така влегува во борба против целиот свет. Текстот сам по себе е силно врзан за современите случувања во поглед на овој доцнокапиталистички начин на живот и
каква форма зазеде светот кога безрезервно се остави парите да го диктираат темпото на
живот, а сите вредности што некогаш постоеле станаа петтостепени. Токму и од овие
размисли потекна потребата за поставување на оваа претстава, за да можеме да направиме
еден чекор назад и да се погледнеме од далеку на што изгледаме кога сме под влијание на
парите. Публиката ќе има можност да погледне една фарса овој пат на сцената, која како и
секогаш е сестра на комедијата-вели режисерот Василески

Во претставата ќе играат актерите Игор Трпчески, Даниела Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски, Дарко Карбески и Наталија Ристеска, додека сценографијата ќе биде на Ненад Тонкин, костимите на Марта Дојчиновска, а музиката на Томе Темелкоски.

Проектот е од годишната програма за работа на театарот за 2024 и е поддржан од Министерството за култура и туризам.

 

Фото:  Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп

Би можело да ве интересира

Прилепското јавно обвинителство отвори предмет за Болницата

Пела Редакција

Градоначалникот на Прилеп честитајќи го Илинден на граѓаните: „Да ги чуваме идеалите на илинденците и заложбите на АСНОМ!„

Пела Редакција

Првачињата добија подароци за среќен почеток на новата учебна година

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе