Во рамки на Фестивалот на планински филм Ехо, беа доделени награди за најдобра фотографија по претходно распишаниот конкурс. Членовите на жирито кои се дел од тимот на Интернационалниот фестивал за алтернативна готографија Зрно, доделија три награди.
За фотографијата „Корабски водопад“ третата награда ја освои прилепчанецот Илија Ацески, пасиониран планинар и фотограф.
Второто место му припадна на Емре Али за фотографијата „Вишперс оф титанс“ (Whispers of titans), a првото место отиде кај Дамјан Илиевски за фотографијата со наслов „Остри вид“.
„…Според нашето уверување секоја од овие десет го заслужува тоа, а изборот мораше да падне на три, на кои се гледа (буквално) возвишената убавина на планината и планинскиот пејзаж. На некои фотографии е присутен и човекот како мерка на се’ иако во споредна улога, како статист во улога на љубител на природата, планинарењето и како референца за големината на фотографираниот пејзаж и како пример за соодветен однос кон природата…“