-0.3 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Николоски најави целосно автопатско поврзување на главниот град со Пелагонија – oд Скопје до Прилеп за час и 10 минути

Автопатот Прилеп-Битола во должина од четириесетина километри,  ќе биде готов за три до три и пол години. Во моментов се работи на делница од 6 километри каде е извршена експропријација на 850 парцели, а деминирани се и сто хектари површина, рекоа претставниците на Владата при денешниот увид на градежните работи.

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николсоки заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, амбасадорката на САД Ангела Агелер, директорот на ЈП за државни патишта Коце Tрајановски, претставници од Владата, грaдоначалници од Пелагоснкиот регион, денеска извршија увид во изградбата на автопатот Прилеп – Битола.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски рече дека изградбата се одвива интензивно, но сепак главниот проблем е деминирањето зашто наидуваат на голема количина експлозивни материјали останати од поранешните војни.

Од околу 1300 катастарски парцели, изврешна е експропријација на 850, остануваат уште 450. Еден од главните проблеми е деминирањето. Најдени се 19.500 експлозивни направи, извадени се околу 200.Благодарност до АРМ која го врши деминирањето, ова е терен каде минувале и Балканските и Првата и Втората светска војна. Се надеваме дека со ова темпо за три години оваа делница ќе биде готова“, рече Трајановски.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денес изврши надзор врз градењето на автопатот, рече дека ќе биде готов до 2027 година.

„Ние сме практично пред динамиката која што ја има градежната компанија за да не го кочиме процесот. Отприлика кон крајот на 2027, околу 3 години ќе требаат ова да се заврши“, изјави премиерот , Христијан Мицкоски.

Министерот за транспорт и врски Александар Николовски најави дека за три години од Скопје до Битола ќе се патува за час и половина.

„Со завршувањето на овој автопат од Прилеп за Битола, како и со пуштањето во функција на експресниот пат од Градско до Прилеп, кој се одвива во три секции, Градско- Дреново ќе биде готов до Нова година, Дреново- Фариш до март, а во текот на следната година од Фариш до Прилеп, очекувам за три до три и пол години од Скопје до Прилеп да се патува во пријатно возење за час и десет минути, а до Битола за 1 час и 30 минути што целосно ќе ја промени реалноста во регионот во делот на економија, комуникација и напредокот“, рече Николовски.

Запрашан дали експресниот пат од Фариш за Прилеп ќе минува низ Плетавр или сообраќајот низ овој превој заминува во историјата, рече дека дел од патот ќе минува од таму, дел не, но проектот ќе го промовираат во март в година.

Власта најавува целосно автопатско поврзување на Скопје со Битола, а мачната сообраќајна делница на Плетвар да замине во историја.

Би можело да ве интересира

Кривична за прилепчанец – си го запалил моторот на паркинг

Пела Редакција

Жената – земјоделец без право на породилно отсуство

Елизабета Филипоска

Шеќеринска во Прилеп:„Членството во НАТО е наша придобивка!„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе