2.2 C
Прилеп
сабота, 21 декември, 2024
Пела Радио

ОО на СДСМ: Во Прилеп поскапува градскиот превоз

На денешната прес конфереција, ОО на СДСМ ставија акцент на цената на  јавниот градски превоз и паркингот и упатија критика за тригодишното работењето на градоначалникот на Прилеп и раководителите на ЈКП.  На прес конференцијата, Анита Ристеска исткана :

На последната седница на Управниот одбор на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови – Прилеп, донесена е Одлука за корекција на бројот на возења со електронски возни картички во јавниот градски превоз. Кажано со други зборови – во Прилеп поскапува градскиот превоз! Двојно, односно за 100 отсто се зголемува цената на електронската картичка за ученици и студенти, која наместо досегашните 500 денари за еден месец, сега ќе чини 1.000 денари. За 50 отсто поскапува и превозот за останатите граѓани, додека пак патниците кои по втор пат ќе бидат затекнати со неважечка легитимација или без билет, ќе платат казна во висина од 300 денари. Во досегашните 3 години од мандатот на градоначалникот Борче Јовчески, ова е второ поскапување на градскиот превоз. Ако првиот пат изговор беше високата цена на метанот која тогаш изнесуваше 204 денари за килограм, се поставува прашањето зошто е потребно најновото поскапување кога сегашната цена на метанот е три и пол пат пониска од поранешната и изнесува 63 денари за еден килограм? Почитувани граѓани, На почетокот од последната година од мандатот, Борче Јовчески не може да се пофали со ниту едно реализирано ветување од неговата изборна програма, што го прави најнеуспешен градоначалник во историјата на Прилеп. Она по што Јовчески и мнозинството во општинскиот Совет предводено од ДПМНЕ ќе останат запаметени, се поскапувањата и зголемените режиски трошоци кои ги плаќаат граѓаните на Прилеп. Така, покрај двојното поскапување на градскиот превоз и паркингот, во изминатите 3 години локалните власти го зголемија данокот на имот до 300 отсто, сметките за подигање на смет за 67 отсто, а наместо предизборно ветеното намалување, Јовчески и ДПМНЕ на прилепчани им ја поскапеа и водата. И сето ова заради начинот на кој градоначалникот и директорите раководат со Општината и јавните комунални претпријатија, чие лошо менаџирање граѓаните го плаќаат од својот џеб. За барем колку-толку да се амортизира ударот врз стандардот на граѓаните, ги повикувам колегите советници од ДПМНЕ во Советот на општина Прилеп, на следната седница да гласаат против предлогот за зголемување на цената на градскиот превоз.

Би можело да ве интересира

Максим Димитриевски: Гласовите на граѓаните му даваат сила и легитимитет на Претседателот на државата да и каже НЕ на извршната и на законодавната власт

Пела Редакција

За бесправно градење кривична пријава ќе поднесе ОК на ВМРО ДПМНЕ

Елизабета Филипоска

Ристески и Лашкоска: Наместо да обезбедат вакцини Филипче и Заев летаа со хелихоптер до Прилеп !

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе