-1.6 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Во Прилеп стартуваше проектот “Денови на Свети Климент Охридски”(ФОТО)

Здружението „Платформа за КРЕАТИВНИ КОНЦЕПТИ – Прилеп“ во соработка со Општина Прилеп, Преспанско – Пелагониската Епархија, прилепските училишта и Институтот за старо словенска култура го започна проектот „Денови на Свети Климент Охридски“. Реализацијата ќе трае околу еден месец, а истиот вклучува одржување на неколку работилници од областа на македонскиот јазик, историја и ликовната уметност секако со завршен настан на 8 декември.

Во областа на македонскиот јазик , работилницата ќе ја предводи наставничката Наташа Кулеска , од историја наставникот Горан Василески а од ликовна уметност наставникот Александра Џинго.Сите овие работилици имаат за цел да им го прошират знаењето на учениците за Свети Климент Охридски за неговиот лик  живот и дело а во исто време и да направат  творби , истакна Андреј Иваноски претседател на здружението „Платформа за КРЕАТИВНИ КОНЦЕПТИ – Прилеп“ , и додаде дека преку реализацијата на овој проект всушност младите ќе имаат вистинска моќност црквите не само да ги гледаат како храмови туку и како свои домови од каде ќе можат повеќе да научат и да им пренесуваат на своите родители дома.

При реализацијата на овој проект , планирана е и екскузрија за учениците до Плаошник за уште подобро да се запознаат со ликот и делото на Свети Климент Охридски.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Прилепско сеуште активни пожарите кај селата Пештани, Кокре и Кален – долненско изгаснати вчера

Пела Редакција

Две лица загинаа во тешка сообраќајка кај Камен дол, на патот Росоман – Прилеп

Пела Редакција

Ден на жалост во Македонија

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе